Нестандарден збор - категорија

шипка повеќе

мн. шипки
Вид збор: Именка, женски род
метална прачка
Англиски: rod, pole Српски: шипка

шлагворт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Збор што апелира кон чувствата и на едноставен начин објаснува комплексни содржини.
Англиски: catchword Германски: Schlagwort

шмизла повеќе

мн. шмизли
Вид збор: Именка, женски род
Дрдорка, озборувачка, помодарка, разгалена девојка со специфичен животен стил којашто кокетира и што ги следи актуелните модни збиднувања.
Англиски: blabber

штанцува повеќе

штанцуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обликува машински под притисок, печати.
Англиски: stamp Германски: stanzen Албански: stampoj
Втиснува под притисок.
Англиски: punch Албански: shtyp
Сече машински, отсекува.
Албански: pres
Произведува сериски.
Англиски: produce Албански: prodhon

штифна повеќе

мн. штифни
Вид збор: Именка, женски род
Краток, дебел, метален дел во вид на игла; метален клин.
Англиски: pin Германски: Stift

штихворт повеќе

мн. штихворт
Вид збор: Именка, машки род
Збор што асоцира на поширока тема или го подбуцнува актерот на бината да почне со говор.
Англиски: cue Германски: Stichwort
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш